Новите инвестиции ќе донесат раздвижување на пазарот на капитал

Bez autora
May 18 2014

Новиот бран вложувања од страна на домашните и на странските инвеститори во земјава треба да го раздвижи македонскиот пазар на хартии од вредност и да му даде позитивен импулс, да создаде критична маса на потенцијални инвеститори кои врз основа на аналитичен пристап и информации ќе носат одлуки за мудро инвестирање на своите средства. Ова е размислувањето на Елизабета Чингаровска, претседателка на Комисијата за хартии од вредност, кое го кажа на вчерашната дебата што се одржа во Скопје во рамките на Конференцијата на македонскиот пазар на хартии од вредност. Дел од учесниците на годишната конференција укажаа што влијае најмногу врз состојбата на македонскиот пазар на хартии од вредност, кои се идните развојни правци, како и какво е влијанието на одредени случувања на странските пазари на хартии од вредност и нивните рефлексии во РМ.

Новите инвестиции ќе донесат раздвижување на пазарот на капиталНовиот бран вложувања од страна на домашните и на странските инвеститори во земјава треба да го раздвижи македонскиот пазар на хартии од вредност и да му даде позитивен импулс, да создаде критична маса на потенцијални инвеститори кои врз основа на аналитичен пристап и информации ќе носат одлуки за мудро инвестирање на своите средства.

Ова е размислувањето на Елизабета Чингаровска, претседателка на Комисијата за хартии од вредност, кое го кажа на вчерашната дебата што се одржа во Скопје во рамките на Конференцијата на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Дел од учесниците на годишната конференција укажаа што влијае најмногу врз состојбата на македонскиот пазар на хартии од вредност, кои се идните развојни правци, како и какво е влијанието на одредени случувања на странските пазари на хартии од вредност и нивните рефлексии во РМ.

Според Чингаровска, неопходно е да се комуницира повеќе со корпоративниот сектор, бидејќи во Македонија има компании со надежни проекти и бизнис-планови, само треба да се најде начин да се следат.

- Минатата година 60 проценти од друштвата од стопанството што објавиле годишни финансиски извештаи оствариле оперативна добивка, но има и компании кои кумулираат загуби подолг период и им се подјадува капиталот - информира Чингаровска и додава дека лани од вкупниот промет реализиран на Македонска берза, дури 88 проценти отпаѓаат на купувања кои ги реализирале домашни физички и правни лица.

Таа нагласи дека лани немало ниту една јавна емисија на хартии од вредност, што покажува дека компаниите се уште не го користат пазарот на капитал како извор на финансирање на своите проекти. Чингаровска верува дека позитивен импулс ќе даде спојувањето на пазарите во регионот, што, пак, се очекува да влијае позитивно за привлекување на свеж капитал, но и за јакнење на корпоративната свест.

Директорот на Македонската берза за хартии од вредност, Иван Штериев, посочи дека регионалното берзанско поврзување дава добри резултати во праксата и информира дека берзите од Скопје, Загреб и од Софија неодамна формираа заедничка компанија со седиште во Македонија.

Како што најави Штериев, оваа компанија треба да потпише договор за грант со ЕБОР за финансирање на развојот на софтверска апликација, што ќе им овозможи на брокерите во Хрватска, Бугарија и во Македонија на едноставен начин да тргуваат со хартиите од вредност што котираат на трите берзи.

- Максимално ќе се заложиме за овој проект успешно да заврши и да се имплементира, со што ќе се создаде функционален нуклеус кон кој, се надеваме, ќе се придружат и други регионални партнери - вели Штериев.

Според него, на заживувањето на пазарот на хартии од вредност не може да се влијае парцијално, односно мора истовремено да се случи комбинација од повеќе фактори што ќе придонесат за надминување на постојните проблеми и предизвици.

Тој, истовремено, информираше дека во периодот од 2008 до 2013 година главниот берзански индекс, МБИ-10, четири години бележи пад, а само два пати пораст еднаш во 2009 година со позначајни 31,3 проценти и минатата година со 0,44 проценти.

- Во периодот на првите четири месеци од годинава, освен во февруари, индексот одеше надолу. Првата половина на мај е поветувачка, со добар ценовен пораст и заклучно со вчера МБИ-10 на годишно ниво е во плус од околу 2,25 проценти. Искажано преку апсолутната вредност на индексот, МБИ-10 на крајот на 2008 година изнесувал 2.096, а на крајот на вчерашниот ден 1.778 поени - вели Штериев.

Димитар Богов, гувернер на НБРМ, укажа дека најновите макроекономски проекции и амбиентот на монетарната политика влијаат на условите за понатамошниот развој на пазарот на хартии од вредност. Тој вчера пред учесниците на конференцијата посочи дека очекува умерено забрзување на растот на домашната економија од 3,7 проценти, главно воден од домашната побарувачка, при што движењето во првиот квартал е во согласност со очекувањата.

- Движењето на инфлацијата се очекува да биде главно под влијание на светските цени на основните производи, со оценети надолни ризици, при што во рамките на нашата најнова проекција очекуваната стапка на инфлација за 2014 година ја ревидиравме надолу на околу 1 процент. Во надворешниот сектор се очекуваат релативно поволни движења и умерен дефицит на тековната сметка. Понатамошните приливи на директни странски инвестиции создаваат основа за дополнително подобрување во структурата на извозот и зајакнување на надворешната позиција на долг рок. Очекуваниот раст на депозитите кај банките, заедно со очекуваните ефекти од веќе преземените мерки би обезбедиле понатамошен раст на кредитирањето преку банкарскиот сектор - рече Богов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik